Охрид, 10. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Еден златен и два сребрени медали освоија учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески” Охрид на 13-от Меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта GАTUS 2025 што се одржа во Бар, Црна Гора.
На натпреварот учествуваа 10 училишта од поранешните југословенски републики: Охрид (Македонија), Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Бања Лука и Приједор (Босна и Херцеговина), Белград и Смедерево (Србија), Опатија, Осијек и Сплит (Хрватска) и Бар (Црна Гора).
Учениците се натпреваруваа во дисциплините готварство, угостителско послужување и подготовка на тридневен туристички аранжман.
Охридските ученици медалите ги освоија во следните дисциплини:
Готварство – сребрен медал
– Давид Димоски
– Никола Краљевски
– Јован Андов
ментор: Васил Талевски
Угостителско послужување – сребрен медал
– Славе Софкоски
– Кристијан Нестороски
Бармен Виктор Стојчески
ментор: Елена Спироска
Туристички аранжманв – златен медал
– Андреа Билбилоска
– Вероника Ѓуракова
– Ивона Апостолова
ментор: Милена Илијевска
На учениците и менторите им беа доделени златни и сребрени дипломи. За сите учесници беше организиранo едукативно крстарење по Скадарското Езеро .
Домаќин на следниот натпревар GАTUS 2026, ќе биде градот Приједор во Босна и Херцеговина. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива