Утре детски музички концерт „Хероите на градот“
October 16, 2025

Охрид, 16. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Утревечер во трговскиот центар Ohrid Mall нова културна содржина во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“.

Ќе се одржи детскиот музички концерт „Хероите на градот“.

– Станете дел од едно ново волшебно музичко-драмско доживување за деца. Концерт исполнет со интерактивност, едукација и радост! На сцената ќе доминира класичната музика, внимателно адаптирана за најмладата публика, во изведба на продукцијата „Триангл“: оперски пејачи, пијано, труба и мандолина. Режијата е на Десанка Глигоријевиќ, самовила: Марика Поповиќ, витез Ане: Андреј Наунов и витез Јане: Јане Дунимаглоски, велат организаторите.

Ова е концерт што ги спојува уметноста и играта, каде музиката зборува на јазикот на детската фантазија. Почетокот е во 19:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива