Охрид, 20. октомври 2025 (ИНПРЕС) – По повод Светскиот ден на срцето, во соработка со ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања од Охрид, се одржува предавање на кое пред присутните ќе говори д-р. Јасмина Спасеска Јованоска.
На предавањето ќе има и претставници на Крка фарма ДООЕЛ од Скопје, кои со присутните ќе споделат совети и информативни материјали, а исто така ќе вршат и бесплатно мерење на холестеролен притисок.
Целта на овие активности е подигање на свеста за значењето на превенцијата и навременото откривање на покачениот крвен притисок и дислипидемијата, како два најзначајни ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива