Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Речиси две недели езерското ниво е непроменето, на само 4 сантиметри над минимално дозволеното

Речиси две недели езерското ниво е непроменето, на само 4 сантиметри над минимално дозволеното

Речиси две недели езерското ниво е непроменето, на само 4 сантиметри над минимално дозволеното

Охрид, 28. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Речиси две недели водостојот на Охридското Езеро е на идентична кота – 693,14 м.н.в.

Согласно мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), оваа кота е за 17 сантиметри под просекот за октомври (693,31 м.н.в), 3 сантиметри под природната кота (693,17 м.н.в) и на само 4 сантиметри над минимално дозволената (693.10 м.н.в).

По минималниот раст на почетокот на месецов, езерското ниво повторно почна да опаѓа. Покрај тоа од препознатливиот симбол на градот Охрид, Билјанините извори, и понатаму не истекува вода, а ваквата состојба трае веќе два месеци.

И додека во минатото имаше случаи кога беше надмината и максималната кота од 693,75 м.н.в, сега повторно состојбата е алармантна бидејќи водостојот се доближува до минимално дозволеното ниво. Ваквата состојба трае веќе подолг период и пред сѐ се должи на долгиот сушен период, состојбата со Преспанското Езеро, отвоерноста на портите кај истекот на езерото во реката Црн Дрим…Во Струга треба да приврши реконструкцијата на регулациониот објект познат како „дрвениот мост“ преку кој се врши регулација на истекот на водите од Охридското Езеро во реката Црн Дрим. Најавено е дека ќе следи изготвување основен проект за автоматска контрола на испустот и далечинско управување со нивото на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, со цел да се обезбеди поефикасна и еколошки одржлива регулација.

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 13. степени.

– Денеска ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а нов локален дожд повторно се очекува во петок кон крајот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous 16. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура денеска и утре во Охрид
Next Проф. д-р Анис Сефиданис претставен во италијанската научна и технолошка тв програма „FvgTech“

Слични вести

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година
1 min read

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција
1 min read

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.