Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Доделено уверението за нов мандат на градоначалникот Кирил Пецаков (Фото/Видео)

Доделено уверението за нов мандат на градоначалникот Кирил Пецаков (Фото/Видео)

1 min read
Доделено уверението за нов мандат на градоначалникот Кирил Пецаков (Фото/Видео)

Охрид, 3. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Општинската изборна комисија му го додели уверението на старо – новиот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, со што и официјално започна неговиот втор мандат.

Потенцира дека следува инвестиционен период, за кој верува дека ќе заврши успешно.

– Направивме доста проекти што значат за Охрид стратешки го менуваат. Така продлжуваме си во вториот мандат. Имаме 10 нови капитални проекти кои што со завршување на 4 од првите 10 што сум ги ветил во првиот мандат, вклучувајќи ги и овие 10, ќе станува збор за сериозна промена на сето она како ние го перцепираме Охрид, првично за охриѓани, а и за сите оние кои доаѓаат и уживаат во убавините на градот.

Пред нас следува инвестиционен период што верувам дека ќе заврши успешно, односно за многу работи за кои охриѓани разговарале, побарувале и било некако како насушна потреба во изминатите над 30 години ќе се оставрат, ќе се завршат и сметам дека Охрид не само што ќе изгледа поинаку, туку ќе има и многу подобри услови за живот на сите кои се тука, но и на туристите кои го посетуваат, истакна Пецаков.

На локалните избори 2025 што се одржаа на 19-ти октомври, Пецаков освои 16.565 гласови, доволни за победа уште  во првиот круг. Пецаков, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освои 63,91% од гласовите, пред д-р Асен Шајн од СДСМ и Коалицијата со освоени 6.151 (23,73%), Гоце Цветковски со 830 (3,20%) и Стевче Стевоски од Твоја партија со освоени 450 (1,74%) гласови. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous МОН: Од утре започнува аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година
Next Во четврток започнува одбележувањето на 81 година од ослободувањето на Охрид

Слични вести

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година
1 min read

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција
1 min read

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.