Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Стружанецот Ердал Лушо ја започна трката „Светски предизвик на Атлантикот“, ќе едри од Португалија до Карибите

Стружанецот Ердал Лушо ја започна трката „Светски предизвик на Атлантикот“, ќе едри од Португалија до Карибите

1 min read
Стружанецот Ердал Лушо ја започна трката „Светски предизвик на Атлантикот“, ќе едри од Португалија до Карибите

Струга, 11. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Стружанецот Ердал Лушо со неговиот „Пиксел“ ја започна легендарната трка „Светски предизвик на Атлантикот“, каде сам ќе плови неверојатни 40 дена, во обид да го премине Атлантикот, од Португалија до Карибите.

Од вкупно 18 учесници, само 8 успеаа да ги поминат елиминациите. Натпреварувачите Лисабон отпловија до Сагреш избегнувајќи ги орканските ветрови. Според последните податоци стартот од Сагреш кон Тенерифе е поместен за неколку дена.

За потсетување Лушо неодамна успеа да ги изедри неопходните 400 наутички милји без престан и се квалификува за место помеѓу ретките луѓе во светот кои ќе бидат дел од трката каде сам ќе плови неверојатни 40 дена, во обид да го премине Атлантикот, од Португалија до Карибите.

Напредокот можете да го следите на неговиот профил на Instagram, неговата  веб страна, преку whydonateможете и да го поддржите неговиот подвиг, а дел од средствата ќе бидат наменети и за поддршка на локалниот едриличарски клуб во Струга, ЕК „Снегар“, за купување на чамци и опрема потребни за одржување на едрењето за младите од градот.

Супер радио и InPress ќе го следат неговиот подвиг, а на Ердал му посакуваме многу среќа и мирно море со толку ветер колку што е потребно за неговиот Пиксел сигурно и брзо да стигне до Карибите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Ердал Лушо

Post navigation

Previous ИЈЗ: Минатата недела пријавени 94 нови случаи на грип, во Охрид не се регистрирани заболени
Next Тим од Хонг Конг со најдобар дизајн за реинтерпретација на Античкиот театар во Охрид на конкурсот на TerraViva

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.