Охрид, 17. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Со бројни награди се вратија охридските средношколци кои учествуваа на натпреварoт во експерименти, демонстрации, модели и симулации во склоп на 47. Школа „Млади физичари“ што се одржа во Скопје.
Од гимназијалците, Дарио Павлески (IV година) за експериментот „Од магнет до сигнал: изработка на сеизмометар“ освои прва награда, додека од трета година Дарија Талевска и Ивана Гашоска за „Рубинова цевка“ и Калина Јамандиева и Иво Георгиески за „Хидрауличен мост“ освоија трета награда.

Со експериментот „Хидраулична роботска рака“ успешно се претставија и ученичките од I година: Софија Ристoска и Евгенија Палоска.

Наум Смилевски, пак, ученик во втора година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид освои прво место, а се претстави со модел со кој го објасни процесот за безжичен пренос на електрична енергија преку елктромагнетна индукција и електромагнетно поле. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива








