Охрид, 19. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ повторно расчистуваа диво создадени депонии од зелен и кабаст отпад од несовесни поединци.
Само во текот на вчерашниот ден биле подигнати 105 м³ зелен отпад.
– И покрај реализираните акции (редовни и вонредни) за подигнување зелен отпад од уредување на градини и земјоделски површини, како и кабаст отпад, повторно создадени диви депонии на повеќе локации со енормни количини отпад. Оперативните служби, со ангажман на расположливата специјална механизација, вчера и денес, реализираа акција за подигнување зелен и кабаст отпад од мини депонии создадени од несовесни поединци од улица „Кленоец“, населба „Црногорци”, од просторот на поранешната касарна и село Долно Лакочереј, информираат од претпријатието.
Потсетуваат дека од личната одговорност и еко-свест на секој поединец зависи во каква животна средина ќе живееме, зошто последиците остануваат за сите нас. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ЈП „Охридски комуналец“






