Охрид, 20. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Општина Охрид, во рамки на Проектот „Recircle Med”, што го имплементира во рамки на Европската програма INTERREG EURO MED, организира работилница за локална мобилизација и Форум за Западен Балкан што ќе се одржи на 3-ти и 4-ти декември.
Охрид е реномирана туристичка дестинација со значително искуство и силна посветеност на одржливиот развој, особено во заштитата на животната средина и управувањето со туризмот. Како една од дестинациите што ќе развива и спроведува прилагодени Сини Акциони Планови за циркуларен туризам (circular tourism), Општина Охрид ја повикува локалната и пошироката заедница на акција.
Со оглед на специфичните потреби, искуството и празнините во областа, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со проектот и планот што е развиен за креирање прилагодени Сини Aкциони Планови, да истражат практики за сина и циркуларна економија, преку презентација на најдобри практики од истакнати говорници, да учествуваат во интерактивни активности за ко-креирање и групни дискусии, а воедно поттикнуваат заедничко учење и размена на идеи. Преку практично учество, учесниците ќе развијат практични сознанија и стратегии за поддршка на спроведувањето на проектните активности.
Работилниците имаат за цел да го олеснат локалното прилагодување и усвојување на Планот за унапредување на синиот и циркуларниот туризам во областа, да идентификуваат приоритети, да дизајнираат патеки за имплементација и да поддржат усвојување на политиките. Тие претставуваат одлична можност за учење, споделување искуства и колективно обликување решенија во динамична и партиципативна средина.
Доколку сте дел од територијалниот туристички екосистем, заинтересирани и мотивирани да ја поддржите имплементацијата на синиот и циркуларниот туризам, не ја пропуштајте оваа можност и регистрирајте се за Работилниците на следниов линк:
извор: ИнПрес фото: архива






