Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Продолжуваат свеченостите за одбележување на празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот

Продолжуваат свеченостите за одбележување на празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот

1 min read
Продолжуваат свеченостите за одбележување на празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот

Охрид, 4. декември 2025 (ИНПРЕС) – Продолжуваат свеченостите за одбележување на празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот. 

Денес напладне во Култ Културен центар ќе се одржи настанот „Букви и зборови што создаваат светлина: Јазична работилница посветена на Свети Климент Охридски“ од Кристина Дукоска, основач на „Правопис за деца”. Вечер од 19:00 часот е осмодекемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче” во концертната сала на училиштео, а од 19:30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ е свечената приредба на ООУ „Св. Климент Охридски”.

Утре од 11:00 часот во големата сала на Општина Охрид ќе биде промовирана книгата „Охридски летопис книга втора” и „Охридски летопис комплетно издание” од авторите проф. Д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески, а промотор ќе биде проф.д-р Ѓорѓи Тоноски. Од 12:00 часот во Спомен куќа на Робевци ќе биде отворена изложбата „Прстенот-симбол на завет, статус, моќ“ од етнолошката ризница на охридскиот музеј. Во 19:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура ќе биде отворена традиционалната осмодекемвриска изложба на „Охридскиот фото клуб”, а од 20:00 часот на големата сцена е свечената приредба на СОУ „Св. Климент Охридски”. Во истиот термин на плажата „Кадмо” ќе се одржи и концертна промоција на ВИС „Билјана” Охрид во чест на Свети Климент Охридски, Патронот на Охрид.

Сабота на 6-ти декември од 18:00 часот во Центарот за култура е отворањето на изложбата насловена 365 дена творештво на бакар од охридската уметничка Маја Чифлигароска и Копер краф MAM.

На 7-ми декември од 12:00 часот во Центарот за култура ќе се одржат Регионални смотри на СОФАМ-Фолклорна смотра на ансамблите од Југозападен регион во чест на Свети Климент, во 18:00 часот е отворањето на самостојната изложба на уметнички слики од охридската уметничка Јана Маркоска- Наумовска насловена „Мечта” во галерија „Охридска порта Љубица”.

Во понеделник, на денот на празникот во 10:00 часот е предвиден поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон”- Плаошник, во 11:00 часот полагање свежо цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во ООУ „Свети Климент Охридски” (училишен двор), во 12:00 часот полагање свежо цвеќе на момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад и врачување награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид на Градски плоштад „Свети Климент Охридски”. Вечерта од 18:00 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Охридско секојдневние” од охридската фотографка Нина Ангелоска во Куќа на Уранија.

Свечената академија по повод 8. Декември – Денот на Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на улиците „Кленоец“  и  „Српница“
Next Свикана четвртата седница на Советот на Општина Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.