Струга, 16. декември 2025 (ИНПРЕС) – Во тек е главниот дел од легендарната трка „Светски предизвик на Атлантикот“, на која учествува стружанецот Ердал Лушо.
Според последните пораки што ги оставил, се соочил со нестабилно време со бранови, но и мирни води, открил протекување од крмата што првично го сервисирал, но бидејќи немало подобрување, одлучил да го промени курсот кон Зеленортските острови за брзи поправки.
– Два дена бура, два дена мир. Конечно се движам Едвај чекам да влезам во ветрови и повторно да почнам да уживам во возењето. Ова протекување ме мачи. Сè уште не можам да најдам од каде точно доаѓа. Не е многу, но треба често да проверувам и да чистам со сунѓер. Одлуката е донесена! Безбедноста е на прво место. Протекувањето не се подобрува, курсот е променет за брзи поправки, на половина пат сум до cape verde, напиша Лушо.
Вкупно 8 натпреварувачи кои ги поминаа елиминациите, меѓу кои и Лушо, пловат сами 40 дена во обид да го преминат Атлантикот, од Португалија до Карибите. Стружанецот Ердал Лушо ја финишира првата етапа на SAC-25, од Португалија до Канарските острови на третото место, со време од седум дена и 39 минути.
Напредокот можете да го следите ОВДЕ.
Супер радио и InPress ќе го следат неговиот подвиг, а на Ердал му посакуваме многу среќа и мирно море со толку ветер колку што е потребно за неговиот Пиксел сигурно и брзо да стигне до Карибите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива








