Охрид, 12. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Според последните информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК) сè уште има поплавени подрумски простории и дворови на повеќе локации во Охрид, по последните обилни врнежи од дожд.
Со заштитниот насип спречено е понатамошно излевање на реката Сушица.
Во струшкиот регион, во село Мислешево поплавени се дворови и обработливи земјоделски површини, а процесот на санација е отежнат поради неможност за изведување на пропуст за истек на водата. Поплавени дворови и подрумски простории има и во селото Калишта каде се преземаат дополнителни мерки за санација и заштита на населението. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес








