Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Софија Стојанова e автор на најдобрата беседа на конкурсот во чест на Прличев

Софија Стојанова e автор на најдобрата беседа на конкурсот во чест на Прличев

1 min read

Охрид, 26. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Младата средношколка Софија Стојанова од Струмица е добитничка на наградата за најдобра беседа за 2026 година на Конкурсот што го објави НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, годинава на тема: „По песната птиците се разликуваат“

Таа е ученичка во втора година во гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица.

– Добивањето на наградата на конкурсот распишан од Библиотеката во Охрид за мене претставува исклучително значајно признание и длабока лична радост. Овој успех не го доживувам само како потврда за мојот труд, туку и како охрабрување да продолжам уште посветено да се надградувам и да го следам патот на знаењето. Ова признание претставува поттик да бидам уште поодговорна кон сопствените цели и уште похрабра во остварувањето на своите соништа, вели Стојанова.

Дека Софија е млад веќе изграден автор сведочат и наградите што само во изминатите две години ги освоила на полето на литературата:

2025 – Диплома за прво место на литературниот конкурс ,,Со својот живот Ацо Шопов опеал дело, а во своите дела, го опеал животот”- Оштина Штип

2025 – Прва награда на литературниот конкурс „Топли гнезда”- Општина Струмица

2025 – Диплома за прво место на конкурсот „Дигитални човекови права и приватност во ерата на технологијата”- Општина Струмица

2025 – Прва награда на литературниот конкурс  „Моето посебно другарче”- Општина Струмица

2024 – Диплома за прво место на конкурсот „Тишината понекогаш зборува најгласно и најдобро за делата и поетот Ацо Шопов”- Општина Штип

Наградата за најдобра беседа од 9.000 денари и признание со ликот на Прличев на младата Стојанова ќе ѝ биде доделена на 6-ти февруари, во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ во Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Здружението на Србите од Охрид „Коштана“ утре ќе го одбележи празникот Свети Сава
Next ЈП „Водовод“ Охрид: Водата во село Долно Коњско е исправна за пиење

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.