Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Мапирани 8 мини – депонии, подигнати 24 м³ кабаст отпад и градежен шут

Мапирани 8 мини – депонии, подигнати 24 м³ кабаст отпад и градежен шут

1 min read
Мапирани 8 мини – депонии, подигнати 24 м³ кабаст отпад и градежен шут

Охрид, 5. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Повторно и повторно…мапирани и исчистени 8 мини – депонии.

Службите на ЈП „Охридски комуналец“ и овој пат го расчистија она што несовесни граѓани го одложиле таму каде не треба, загрозувајќи ја животната средина на околното население.

Подигнати се 24 м³ кабаст отпад и градежен шут кај локалитетите Бејбунар и Мегдани, населбите „Даљан“ и „Гоце Делчев“ (Бараки), улица „Галичица” и кај станбениот комплекс во близина на Општата болница.

На оваа тема сме пишувале многупати, но свеста и културата на однесување и понатаму ни се на ниско ниво, како да важи она не можете да расчистите толку ѓубре колку што можеме да создадеме, како да постои натпревар во одлагање отпад на несоодветно место.

Од ЈП „Охридски комуналец“ неодамна за Супер радио и InPress информираа дека во текот на минатата година подигнале 5.314 m³ најразличен отпад од диви депонии создадени од несовесни поединци, а локациите на кои никнувале диви депонии се „распослани“ низ целото градско подрачје.

Како решение за овој хроничен проблем ја посочија потребата од воведување на комунална полиција. Ваква служба постои во градовите од соседството како Белград, Тирана, Подгорица и дава позитивни резултати во неколкукратно намалување на нечистотијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ЈП „Охридски комуналец“

Post navigation

Previous Документарниот филм „Приказната за Силјан“ следната среда премиерно во Охрид
Next Започнуваат годинашните Прличеви беседи

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.