Охрид, 13. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Денеска ќе се одржи панел дискусија за состојбата и предлог решенија за спречување на непрописното депонирање на цврст отпад во Општина Охрид, во организација на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“.
Говорници ќе бидат Дарко Блинков, генерален инспектор за животна средина од Државен инспекторат, Вера Рауник раководител на одделение за управување со отпад во Општина Охрид, Емил Ангелов експерт за управување со отпад од Salar International и Ѓоко Савески координатор за диви депонии во ЈП „Охридски комуналец“.
Панел дискусијата ќе се одржи во ресторанот на хотел „Су“ со почеток во 11:55 часот, а ќе може да учествуваат сите заинтересирани граѓани со прашања и идејни решенија во борбата со дивите депонии во нашата општина. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
