Охрид, 11. март 2026 (ИНПРЕС) – Почнувајќи од петок, 13-ти март, Црвен крст Охрид ќе нуди бесплатно психолошко советување.
– Советувањето ќе се одвива во просториите на организацијата секој петок, од 09:00 до 12:00 часот, со претходно закажување. Заинтересираните граѓани можат да закажат термин на телефонскиот број 070 729 615. Советувањето ќе го реализира Мерсиха Исмајлоска, гешталт советник. Црвен крст Охрид го организира бесплатното психолошко советување во соработка со Anima Centar, информираат од организацијата.

Гешталт терапијата е научно заснован психотерапевтски метод со корени во хуманистичката филозофија. Основната цел на гешталт терапијата е поттикнување личен раст, зрелост и автономност преку зголемена свесност за сопствените мисли, чувства и однесување во сегашниот момент. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
