Охрид, 11. март 2026 (ИНПРЕС) – Собрана е потребната сума во висина од 208 000 евра за почетокот на лекувањето на малата Ева на клиника во Германија.
Со приватни средства на семејството и донациите што пристигнуваат од сите страни лекувањето може да започне.

Остануваат уште 45 000 евра што ќе бидат потребни за операција по два месеци. За таа цел и понатаму ќе останат отворени двете телефонски линии, 143126 на мрежата на Telekom и 143504, преку мрежата на А1, потоа сметката за донации и кампањата преку платформата ECrowd.mk.
Од семејството на Ева упатуваат благодарност до сите за грижата, љубовта и несебичната поддршка. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
