Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • На 8 април ќе се одржи регионалниот натпревар „Млади библиотекари“

На 8 април ќе се одржи регионалниот натпревар „Млади библиотекари“

На 8 април ќе се одржи регионалниот натпревар „Млади библиотекари“

Охрид, 16. март 2026 (ИНПРЕС) – Библиотерското здружение на Македонија традиционално го организира 26 Републички натпревар „Млади библиотекари“.

Регионалниот натпревар НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе го  одржи на 8 април, во просториите на Библиотеката со почеток во 10:00 часот.

Право на учество на натпреварот имаат членовите на библиотеките на основните училишта од Охрид и Дебрца до 14 годишна возраст. За подготовка учесниците на натпреварот треба да користат прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“, во издание на Библиотекарското здружение на Македонија според кој ќе се формираат и прашањата.

Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите писмено ќе одговараат за време од 60 минути. Натпреварувачите се потпишуваат со шифра.

Победникот  од натпреварот се стекнува со право на учество на Републичкиот натпревар, што годинава ќе се одржи во Домот на култура „Драги Тозија“ во Ресен на 15 мај.

Основните училишта од општините Охрид и Дебрца  најдоцна до 27 март треба да ја информираат Библиотеката  за учеството и бројот на натпреварувачите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Поради дефект жителите на дел од улицата „Гоце Делчев“ без вода
Next Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.