Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од следниот понеделник започнуваат уписите на првачиња

Од следниот понеделник започнуваат уписите на првачиња

Од следниот понеделник започнуваат уписите на првачиња

Охрид, 27. април 2026 (ИНПРЕС) – Од понеделник, 4 мај, започнуваат уписите на првачиња во новата учебна 2026/2027 година.

Во прво одделение можат да се запишат сите деца родени во 2020 година, кои до крајот на годинава ќе наполнат шест години, како и деца родени заклучно со 31. јануари 2021 година по претходно барање на родител/старател и добиено мислење од лекар и психолог.

Од документи родителите/старателите треба да обезбедат извод од матичната книга на родените (без разлика на датумот), лична карта од родител/старател (копија) со која се потврдува  реонот во кој има живеалиште или каде што има престојувалиште, медицинска потврда за комплетно примени потребни вакцини, како и потврди за извршен стоматолошки и офталмолошки преглед кај детето.

Документите се доставуваат во соодветното училиште, согласно реонизацијата, во текот на месец мај.

Во тековната учебна година во школските клупи за првпат седнаа 433 првачиња, а во претходните две 436 односно 456 првоодделенци. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Антица Николоска и Исидора Кочовска од ОМУ „Методи Патче“ со први наградии на фестивалот „Сергеј Михајлов“
Next Течат подготовките за матурската парада, ќе се одржи на 21-ви мај

Слични вести

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година
1 min read

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција
1 min read

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.