Охрид, 29. април 2026 (ИНПРЕС) – Драмската секција при ОСУ „Св.Климент Охридски“ во понеделник, 4 мај, ќе ја изведе претставата „Перфектни странци“ во режија на професорката Ирена Бачиќ.
– Претстава што ќе ве насмее, ќе ве затегне… и ќе ве натера да го погледнете сопствениот телефон поинаку. Што ако една обична вечер се претвори во игра без правила? Еден телефон. Седум пријатели. Без тајни…или барем така мислат?! Во свет каде што мобилниот е нашата „црна кутија“, прашањето не е дали имаме што да скриеме — туку дали сме подготвени некој да го открие, стои во најавата за претставата.
Ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прличев“ , со почеток во 20:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
