Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

1 min read
На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Охрид, 3. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Од 25-ти до 27-ми јуни на кеј „Македонија“ во Охрид, на потегот пред хотел „Палас“ ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival.

– Охридскиот кеј станува место за вино, музика, гастро уживање и летни вечери со посебна атмосфера, велат организаторите.

Најавуваат дека петтото издание на фестивалот носи три дена исполнети со вкусови, дружење, енергија и препознатливиот шарм на Охрид.

Како што дознаваме, засега, култната група „Меморија“ има најава дека ќе биде еден од учесниците во музичката програма, а во наредниот период ќе бидат најавени и останатите изведувачи.

Покровител на овој тридневен фестивал е Општина Охрид, а забавата со македонските музички артисти ќе биде надополнета со дегустација на македонски вина и вкусна храна. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous МТТФ со 17 медали и пехар за најдобра кадетка се врати од турнирот „Гран При Зворник 2026“ во БиХ
Next Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

МТТФ со 17 медали и пехар за најдобра кадетка се врати од турнирот „Гран При Зворник 2026“ во БиХ МТТФ со 17 медали и пехар за најдобра кадетка се врати од турнирот „Гран При Зворник 2026“ во БиХ
1 min read

МТТФ со 17 медали и пехар за најдобра кадетка се врати од турнирот „Гран При Зворник 2026“ во БиХ

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.