Аеродром Охрид „Св. Апостол Павле“
Охрид, 5. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари – мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2% повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милиони патници (1.580.932), додека бројот на летови порасна за 9,5% со вкупно 10.595 опслужени летови.
Истовремено со анализата на статистиката на ТАВ Македонија за првите 5 месеци, Меѓународниот совет на аеродроми – Европа (ACI Europe) ја објави својата анализа на воздушниот сообраќај за април 2026 година, во која Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид се рангирани како најбрзо растечки аеродроми што доаѓаат од земја надвор од ЕУ.
Според анализата на ACI Europe, додека земјите надвор од ЕУ и земјите во ЕУ бележат негативни бројки на патнички сообраќај (-7,6%) за првпат по закрепнувањето од Covid пандемијата, помал број пазари како што се Македонија (+30,6%), Албанија (+25,3%) и Молдавија (+24,6%), кои припаѓаат на географска Европа, но се земји надвор од ЕУ, продолжуваат да бележат импресивни зголемувања.
Заклучокот на ACI Europe е дека – додека средните и малите аеродроми ги надминаа очекувањата, шпанските и холандските центри останаа најотпорни на глобалната геополитичка нестабилност.
Рекордниот двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај, од почетокот на 2026 година, ја покажува позитивната насока во развојот на македонските аеродроми, со што се зајакнува позицијата на земјата на европската воздухопловна мапа. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
