Охрид, 11. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Минатата година во Охрид се родиле 383 бебиња, покажуваат конечните податоци на Државниот завод за статистика.
Оваа бројка е за 16 помалку во однос на 2024 и за 44 помалку во однос на 2023 година.
Од новороденчињата 207 биле машки, а 176 женски. Според брачната состојба, 365 се добиени во брак, а 18 се вонбрачни.
Инаку Охрид и 2025 година, како и претходните неколку години ја заврши со негативен природен прираст. По квартали, во првиот беше беше најголем, -96, а најмал во четвртото тромесечје кога беше -46.
Лани во Струга се евидентирани 474 (235 машки и 239 женски), а во Дебрца 15 (8 машки и 7 женски) бебиња.
На државно ниво во 2025 година се родени вкупно 15.932 деца, од кои живородени се 15.850, а мртвородени 82. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество.
Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1995 година.
Во 2025 година се регистрирани 15 живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години. Вонбрачни живородени деца се 1.868 или 11.8 % од вкупниот број на живородените деца. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
