Охрид, 12. јуни 2026 (ИНРЕС) – Младиот охриѓанец Петар Гавриловски со својата виолина успеа да ги придобие симпатиите на жирито и освои втора награда на International youth music competitions, што се одржа неодамна во Атланта,САД.
Тој го изведе делото „Melodia e Toccata” од познатиот охридски композитор професорот Гоце Гавриловски, а под менторство на професорката Марија Илиева од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип, каде е ученик во осмо одделение.
Конкуренцијата беше голема учествуваа музичари од 30-на земји, но Гавриловски успеа да дојде до ова значајно признание.

Воедно, како награден, тој доби покана во септември годинава да настапи на концерт во Њујорк. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
