Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 26. април 2015 (ИНПРЕС) – Министерот за внатрешни работи на Грција Никос Вуцис изјави дека постои можност за нови избори за граѓаните на земјата да го дадат последниот збор за владината економска политика.
– Грешат сите кои мислат дека сегашната влада е само меѓуигра. Народот го кажа своето и ако е потребно, тоа ќе го направи повторно, изјави Вуцис за време на бурната дебата во грчкиот парламент по повод декретот со кој јавните институции ќе мора залихите средства да ги предадат во централната банка, пренесе АФП.
Вуцис не е првиот член на владата на Сириза кој ја спомна можноста за нови избори. Во март министерот за финансии Јанис Варуфакис ја спомна оваа можност или евентуалниот референдум во врска со каков и да е нов договор со кредиторите. (Крај)
извор: АФП фото: архива
