Приштина, 21. мај 2015 (ИНПРЕС) – Македонските власти ќе и ги предадат на Приштина телата на деветмината косовски Албанци што загинаа пред две недели во судирите со полицијата во Куманово, меѓу кои се и телата на двајца од водачите на таа група Мирсад Ндрецај – Командант НАТО и Бег Ризај -Командант Бегу, пренесува српски „Курир“.
Телата на деветмината припадници на „кумановската група“ денеската ќе им бидат предадени на семејствата на Косово, јавува РТС повикувајќи се на сајтот на албански јазик „Журнал“.
Како што се наведува, македонското обвинителство дозволило телата да се префрлат во Приштина, откако беше извршена обдукцијата. Резултатие од обдукцијата се уште не се објавени.
Според македонското обвинителство, ќе бидат предадени телата на Џафер Зимерај, Мирсад Ндрецај, Бег РИзај, Валон Кабаши, Тургај Гаши, Самид Кастриори, Хисен Рушити, Фатлум Вишесел и Арбен Реџај.
Косовските медиуми тврдат дека Албанците кои македонската полиција ги зароби бо операциите во Куманово, се мачени и малтеретирани во притвор, што потврди и македонскиот Омбудсман Иџет Мемети, наведува РТС. (Крај)
извор: kurir.rs/rts фото: архива
