Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Косовските терористи во Приштина добија почести како херои

Косовските терористи во Приштина добија почести како херои

1 min read

Приштина, 28. мај 2015 (ИНПРЕС) – Косовските власти и медиуми пред некој ден ги објавија имињата на деветте убиени Косовци, а досега стигнаа различни информации за активностите, намерите и историјата на лицата од вооружената група.

Познато е дека меѓу убиените Косовци е Бег Ризај, алијас командант Бегу, роден на 25.12.1977 година во Дечани. За разлика од другите, Ризај беше погребен еден ден претходно на гробиштата во Глоѓане. На комеморацијата што ја организирала општината, присуствувале неговите соборци од поранешната ОВК во униформи на расформираната организација. Ризај бил офицер на специјалната единица „Црни орли“ на ОВК.

Дел од медиумите пренесоа дека Бегу претходно учествувал во повеќе воени активности во регионот, а според извори од „Дневник“, своевремено им бил телохранител на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и на обвинетиот од Хашкиот трибунал, Рамуш Харадинај. Бегу во функција на телохранител бил заедно со уапсениот Деме Шеху, алијас Јунуку, кој, пак, се смета за поранешен командант на УЧК и дел од 113. бригада, но и учесник во групата што ја нападна караулата во Гошинце. Исто како и Бегу, потекнува од Дечани и бил припадник и на единицата Скендербег, но и блиска врска и логистичар при терористичките акции во Бродец во 2007 година.

Беше погребен и Мирсад Ндрецај. Познат е како командант Нато, неофицијално лидер на кумановската група. Пред погребот на Ндрецај му се оддаваше почит во Ѓаковица, неговото последно живеалиште, каде што се собраа стотина поранешни борци на ОВК. Телото на Ндрецај беше изложено во палатата на културата.

Според информации на косовската информативна агенција и тамошната полиција, Ризај и Ндрецај со судирот во Куманово планирале да го нападнат добро обезбедениот затвор во Грдовци, кај Подуево, за да ги ослободат Бурим Беса и Бедри Красниќи, озлогласени криминалци индоктрирани со екстремен верски фанатизам, за потоа да се приклучат на групата ИС во Сирија, објави приштинскиот дневен весник Коха Диторе. (Крај)

извор: mkd.mk фото: mkd.mk

Post navigation

Previous Вучиќ во Тирана: Албанија и Србија отвораат ново поглавје
Next СПЦ прифати условен дијалог со МПЦ

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.