Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Стефановиќ: Ситуацијата во Сребреница сложена, во Белград забранети собири пред Собранието

Стефановиќ: Ситуацијата во Сребреница сложена, во Белград забранети собири пред Собранието

1 min read

Белград, 10.јули 2015 (ИНПРЕС) – Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави денеска дека на премиерот Александар Вучиќ му е соопштено дека, според проценките, безбедносната ситуација во Сребреница е сложена, и оти на него останува да донесе одлука дали ќе оди на комеморацијата.

Стефановиќ на прес-конференција рече дека е проценето оти безбедносната ситуација во Сребреница е сложена, оти се очекуваат поголем број екстремисти, има потврда дека некои се веќе таму, а некои оти ќе дојдат денеска или утре.

Стефановиќ наведе дека во делот на медиуми во БиХ, „се емитуваат пораки на омраза кон Србите, а особено кон премиерот Вучиќ“.

– Ситуацијата зовре, и тоа го соопштивме на премиерот, рече Стефановиќ и додаде дека Вучиќ сега треба да одлучи дали ќе оди во Сребреница.

Тој исто така изјави дека сите собири кои утре се закажани пред српското Собрание се забранети.

– Министерството за внатрешни работи по безбедносните и оперативни проверки одлучи да ги забрани сите собири закажани за утре пред Парламентот.

– Ги предупредувам сите кои размислуваат сепак да дојдат оти полицијата нема да дозволи ниту да толерира какво било собирање пред Парламентот на Србија, ниту одржување собири кои се забранети, нагласи Стефановиќ.

Стефановиќ појасни дека за утре биле закажани пет собири во различни периоди кои ги најавиле Двери, Иницијативата на млади за човекови права, Здружение на семејства киднапирани и убиени од 1998 до 2000 и други. (Крај)

извор:Плусинфо фото:архива

Post navigation

Previous Грција го испочитува рокот за нов договор, се чека на одговор од ЕК
Next Пратениците го поддржаа планот на Ципрас

Слични вести

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници
1 min read

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво
1 min read

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.