Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Зери: Ердоган на Косово „пере милиони евра“

Зери: Ердоган на Косово „пере милиони евра“

Приштина, 18.август 2015 (ИНПРЕС) – Милиони евра од Турција се слеваат на Косово преку илегални патишта, заобиколувајќи ги банките, а преку ни власта на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пере пари, тврди приштинскиот весник Зери.

Како што наведува весникот, Косово е „преплавно со милиони“, но не како инвестиции или економска помош, или пак за финансирање на проекти, туку за обновување на религиозни објекти.„Поголем дел од инвестиции без сомневање го изнесуваат на виделина Ердогановото перење на пари преку Косово“, наведува Зери.

Десетина нови џамии на Косово, како и обнова на сите постоечки, изградени за време на Отоманското царство, се финансирани преку големиот донатор „Турска агенција за кооперација и координација“ (ТИКА), пишува Зери, истакнувајќи дека агенцијата е основана од страна на турската влада, а со нејзе директно раководи амбасадата во Турција.

Турција е меѓу првите земји кои го признаа Косово, а за Ердоган во повеќе наврати се пишува дека отворено лобира за Косово. Исто така, турскиот претседател крена многу врева пред две години кога во Призрен рече дека „Косово е неговата втора земја“.

Ердоган, кој тогаш беше премиер на Турција, изјави дека културите на Турција и Косово се различни, но дека нивните граѓани припаѓаат на иста земја. На ова следеше остра реакција на српското МНР, како и на српската јавност, но од кабинетот на Ердоган тогаш соопштија дека тој нема да се извини поради тоа што неговата изјава била „погрешно протолкувана“.(Крај)

извор:Инпрес фото:архива

Post navigation

Previous За три дена спасени над 1.700 мигранти во Егејското Море
Next Борбена техника на американската армија пристигнува оваа недела во Бугарија

Слични вести

Анастасија Стефановска и Филип Кузески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освоија трето место на Balkan Junior 2026 во Србија Анастасија Стефановска и Филип Кузески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освоија трето место на Balkan Junior 2026 во Србија
1 min read

Анастасија Стефановска и Филип Кузески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ освоија трето место на Balkan Junior 2026 во Србија

5 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал за теквондистите на МТТФ на „Barletta Challenge 2026” во Италија 5 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал за теквондистите на МТТФ на „Barletta Challenge 2026” во Италија
1 min read

5 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал за теквондистите на МТТФ на „Barletta Challenge 2026” во Италија

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани
1 min read

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.