Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Запленетиот брод со оружје на Крит бил во сопственост на грчка компанија

Запленетиот брод со оружје на Крит бил во сопственост на грчка компанија

Атина, 2. септември 2015 (ИНПРЕС) – Товарниот брод со непријавено оружје, кој вчера беше запленет во близина на Крит ѝ припаѓа на грчка компанија, јави електронското издание на „Катимерини“.

Сопственикот и операторот со бродот „Хадад 1“ се регистрирани на иста адреса во Пиреја. Фирмата го поседувала бродот од февруари 2015 година.

Постапувајќи по разузнавачки информации, грчката крајбрежна стража, придружувана од воени специјални сили, вчера го пресретна бродот и по извршената инспекција, на него пронајде контејнер со оружје.

Бродот денеска е закотвен на пристаништето Ираклион на Крит. Бродот „Хадад 1“, кој пловел под боливиско знаме, имал седум члена екипаж составен од Сиријци, Египќани и Индијци. (Крај)

извор: Катимерини фото: архива

Post navigation

Previous Во Грција загинаа сириски државјани при потонување на брод
Next Намалена предноста на Сириза над Нова Демократија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.