Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Обвинителството во Тирана бара одземање на пратенички имунитет

Обвинителството во Тирана бара одземање на пратенички имунитет

Тирана, 7.септември 2015 (ИНПРЕС) – Албанското обвинителство побара од парламентот да му биде одземен имунитетот на Армандо Пренга, пратеник од редовите на владејачката социјалистичка партија.

Тој се товари за три кривични дела: производство и поседување оружје и муниција без дозвола, тешко ранување со умисла и закана.

Во барањето упатено до парламентот, државниот обвинител Адриатик Лала наведува дека од досега обезбедените докази од истргата, произлегува дека за пратеникот Пренга потојат основи на сомненија дека ги извршил споменатите дела при конфликт со неколку лица.

Вооружената престрелка се случила ноќта меѓу петокот и саботата во градот Лач, во која Пренга, според истргата пукал и ранел седум лица.

Во врска со оваа вест лидерот на владеачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама изјавил под итно да му се одземе имунитетот на пратеникот кој ќе има работа со правдата.

Пратеникот Пренга, преку својот адвокат Бафтјар Руси попладнево ја кажа својата верзија за инцидентот за кој се обвинува. Тој тврди дека пред критичниот миг возило му го препречило патот и со нож му се заканувало лицето Ѓол Цали. Пред опасноста по неговиот жоивот во која се нашол тој извадил пиштол по што Цали побегнал.

– Му кажав на брат ми да се јави во полиција и да каже за индицентот по што заминав во ресторанот на Цали во Паток. Тука не го најдов па заминав во друг ресторан во Курбин. Кога влегов неколку лица почна кавга и пукање во која од двете страни имаше ранети, стои во изјавата на Пренга, негирајќи дека е пукано од неговиот пиштол.

Тој смета дека сето тоа му е местенка, сценаријо на држава и оти станува збор за проблем што семејството Цали го има со државата околу имот а не со семејството Пренга.(Крај)

 

извор:24вести фото:архива

Post navigation

Previous Трагедија на свадба: Си го убил братот кога тргнале по невестата
Next Српската прогресивна партија моментално со највисок рејтинг

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.