Белград, 15.септември 2015 (ИНПРЕС) -Српската академија на науки вработила старлета, со диплома за фризерка на работно место деловна секретарка.
Како што објавија српските медиуми, тоа го потврдува примерот на Катарина Смилјаниќ, која наместо во некоја реалити програма заврши во САНУ и тоа како деловна секретарка. Да биде уште полошо, таа на ова место доаѓа со диплома за фризерка и искуство на рулет дама во коцкарница, а препораките за засновање на работен однос и било блиското пријателство со Будимир Лончар, управникот на САНУ, пред чија врата и седи.
Извор од САНУ на медиумите им рекол дека ова кадровско решение предизвикало вистински шок меѓу вработените, но и кај поголемиот број академици кои се прашуваат дали поради лични интереси управникот се коцка со угледот на храмот на науката.
– Покрај тоа што девојката нема квалификации за тоа работно место, бидејќи по образование е фризерка, нејзините разголени фотографии ги красат речиси сите социјални мрежи, а што е уште пострашно нејзиното решение за работа на одредено време, Лончар го преиначил во неодредено. Какво милсење ќе имаат нашите странски соработници, академици, но и српската јавност кога како прв соработник на управникот на САНУ сме ставиле старлета-објаснува изворот.
Тој вели дека очигледно дека модата на реалити програми ја зафатила и Српската академија на науки и уметности.
Дека сознаниејата се точни индиректно е потврдено со јавување на телефон во кабинетот на управникот на САНУ, токму на Катарина Смилјаниќ, но таа не сакала да го коментира своето вработување.
– Работам на работно место деловна секретарка на управникот на САНУ, но за сите детали на моето вработување морате да се обратите во ПР службата, им рекла на медиумите.
Неколку академици потврдија дека фризерката работи во САНУ, и тврдат дека собранието на САНУ никој не го известил за тоа.
– Станува збор за одвоени служби кои самостојно делуваат и со кои Собранието и академиците немаат никаква врска. Нам не ни поднесуваат извештај дали е вработена фризерка, а мене шишање не ми е потребно, рече академик Матија Бечковиќ.(Крај)
извор:Република фото:архива
