Анкара, 27.септември 2015 (ИНПРЕС) – Брод со бегалци кој испловил од брегот на турското летувалиште Бодрум кон грчкиот остров Кос потона денеска, при што загинаа 17 лица, изјави гувернерот на турската провинција Мугла, Амир Чичек.
Тој рече дека осум метри долгиот брод потонал рано утрово кај брегот на турскиот остров Чавуш, објави „Хуриет“.
– На бродот се наоѓале 37 лица. Нашите колеги спасија 20 луѓе и ги пронајдоа телата на 17 лица, рече Чичек и додаде дека ниту еден бегалец не се води како исчезнат.
Во тек е истрага за несреќата, јави Анадолија.(Крај)
извор:МИА фото:архива
