Загреб, 2.октомври 2015 (ИНПРЕС) – На поранешниот хрватски премиер Иво Санадер судот му одреди кауција во висина од 12,4 милиони куни.
Санадер за корупцискиот скандал „Фими медија“ беше осуден на девет години затвор. Тој вложи жалба, која Врховниот суд ја разгледуваше три дена и донесе одлука дека Санадер може да биде пуштен со кауција.
Адвокатите на Санадер собрале кауција, односно две куќи кои наводно вредат повеќе од 12,4 милиони куна. Едната е во сопственост на неговиот адвокат, Горан Суиќ, проценета на 9 милиони куни, а другата куќа е дел од семејната куќа на Мирјана Санадер, сопругата на Санадер, која не е под судска блокада.(Крај)
извор:Република фото:архива
