Атина, 8. сепември 2014 (ИНПРЕС) – Над 80% од грчките домаќинства не очекуваат нивната економска положба да се подобри следната година, иако се поголеми оптимисти отколку во 2013-та, кога овој процент беше 90, пишува неделникот „То Вима“, повикувајќи се на податоците од спроведената анкета во земјата.
Само 15% од испитаниците веруваат дека ќе се подобри економската положба. Од друга страна, 49,6% очекуваат влошување на состојбата, а според 32,3% од граѓаните ништо нема да се промени.
На отворањето на Солунскиот меѓународен саем, премиерот Андонис Самарас изјави дека Грција очекува враќање на растот во третиот квартал на годинава по шест години на рецесија. Буџетот предвидува зголемување за 0,6% на БДП за целата 2014 година. (Крај)
извор: Фокус фото: архива
