Подгорица, 13. декември 2015 (ИНПРЕС) – Околу 2.000 лица синоќа во Црна Гора демонстрираа против членството на земјата во НАТО, притоа скандирајќи ѝ на Русија.
Протестот беше свикан од црногорските опозициски партии, кои барааат референдум за ова прашање.
Демонстрантите носеле транспаранти на кои пишувало „НАТО убијци!“ И пораката „Не сте добредојдени тука“. Поранешниот претседател Момир Булатовиќ смета дека НАТО со повикот до Црна Гора само сака повеќе војници во евентуален судир со Русија, и посочи дека на црногорскиот народ не му треба да се најде меѓу два огна. (Крај)
извор: 24 Вести фото: архива
