Атина, 10. март 2016 (ИНПРЕС) – Бегалците кои престојуваат во импровизираниот камп кај граничниот премин Идомени треба да прифатат дека границата меѓу Грција и Македонија е затворена за нив и мора да се преместат во организираните центри за прифат на мигранти, ијзави синоќа грчкиот министер за јавен ред Никос Тоскас.
Тој нагласи дека во прифатните центри Грција на бегалците им нуди подобри услови за сместување отколку во кампот во Идомени, каде според проценките, под шатори престојуваат околу 14.000 лица.
Токсас најави дека властите ќе им поделат флаери на бегалците во кои ќе ги информираат дека нема можност да заминат на север кон централна Европа, поради што им е подобро да преминат во организираните прифатни центри каде може да им биде пружена помош. (Крај)
извор: Р.С.Европа фото: архива
