Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Забава
  • Голден Драм фестивалот во Љубљана ќе се одржи од 18 до 21 октомври

Голден Драм фестивалот во Љубљана ќе се одржи од 18 до 21 октомври

1 min read

Љубљана, 12. септември 2016 (ИНПРЕС) – Годинешниот 23-ти Голден Драм Интернационален фестивал на креативноста, кој ќе се оддржи од 18 до 21 октомври 2016 година во Љубљана, Словенија, го објави својот финален рок за пријавување- 13 септември 2016.

Годинашните кандидати, се едни од највисоко ранкираните натпреварувачи за креативни награди, кои ќе бидат оценувани од страна на двајца членови на жири комисија кои се дел од топ 22 интернационално признаени експерти во креативната индустрија.

– Имам многу големи очекувања. Работата од овој регион е секогаш екстремно прониклива и вешто изработена. Ќе бидам во потрага по револуционерни идеи, идеи кои иницираат конверзација и се егзекутирани со извонредно мајсторство, изјави Грахам Ланг, Главен креативен директор, Y&R Advertising, за Јужна Африка и Африка, Претседател на жирито за „Најдобро поединечно дело“ на Голден Драм.

Оваа година 23-иот Голден Драм објави голем број на новитети во својата компетиција и тоа во двата натпреварувачки дела „Најдобро поединечно дело“ и Најдобра кампања“ кои комплетно се реорганизирани и ја воведе новата натпреварувачка група „Уловете го локалниот дух“ која беше претставена на кандидатите чии креативни решенија се базирани на локалниот дух од каде потекнуваат. Специјален новитет на годинешниот натпревар е регионалниот Golden Drum Adriatic Awards, отворена за кандидатите од Јадранскиот регион.

Едвардо Маркез, Главен креативен директор, 180LA, California, Претседател на жирито за Најдобра кампања, во прилог на важноста на фестивалот изјави:

– Наградата е признание на одлично завршена работа. Тоа е официјално признание. Таа е меморија на агенцијата. Тоа е причината поради која дишеме.

Голден Драм натпреварот и наградите се отворени за сите агенции, огласувачи, дизајнерски и продукциски куќи, медијски компании и други инволвирани во креација и продукција на маркетинг комуникации, регистрирани во следниве земји: Албанија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Беларусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Кипар, Естонија, Финска, Грузија, Грчка, Унгарија, Израел, Казахстан, Косово, Киргистан, Латвиа, Либан, Литванија, Македонија, Малта, Молдова, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Таџикистан, Турција, Туркменистан, Украина и Узбекистан. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Post navigation

Previous Избори во Хрватска
Next Земјотреси и во Грција, Турција, Бугарија

Слични вести

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Гавриловски за InPress и Супер радио: Преку музичкиот фолклор и традиција заеднички создаваме автентичност и културен идентитет единствен во светот Гавриловски за InPress и Супер радио: Преку музичкиот фолклор и традиција заеднички создаваме автентичност и културен идентитет единствен во светот
1 min read

Гавриловски за InPress и Супер радио: Преку музичкиот фолклор и традиција заеднички создаваме автентичност и културен идентитет единствен во светот

Ареа со голем солистички концерт на 31 јули на Антички театар во Охрид Ареа со голем солистички концерт на 31 јули на Антички театар во Охрид
1 min read

Ареа со голем солистички концерт на 31 јули на Антички театар во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.