Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Павлопулос: Македонија била и ќе остане грчка

Павлопулос: Македонија била и ќе остане грчка

Воден, 18. октомври 2016 (ИНПРЕС) – „Македонија била, е и ќе остане грчка“, изјави грчкиот претседател Павлопулос и им порача на македонските власти дека со иредентистички тврдења нема да се приклучат кон ЕУ, бидејќи ги кршат европските принципи.

Павлопулос пораката ја испрати од Воден, каде што на свечена церемонија по повод ослободувањето на градот од Турците, беше прогласен за почесен граѓанин на Воден.

Според него, Македонија ги крши европските закони, па не може да смета на евроинтеграција, зашто, како што вели, „не ги задоволува дури ни европските институционални принципи“.

На истата церемонија тој испрати порака и до Анкара, изјавувајќи дека „Грција е турскиот прозорец кон Европа“ и дека за интеграцијата на Турција е потребно почитување на историјата и на меѓународните закони. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: Мкд.мк

Post navigation

Previous Половина милион туристи од Македонија ја посетиле Грција во првата половина од 2016
Next Албанската полиција запленила 1,5 тони марихуана

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.