Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • На Јанша да му се одземат 400 000 евра побара Словенечкото обвинителство

На Јанша да му се одземат 400 000 евра побара Словенечкото обвинителство

1 min read

Љубљана, 20. април 2017 (ИНПРЕС) – Да му се одземе незаконски стекнатиот имот од скоро 400 илјади евра на поранешниот премиер на Словенија, Јанез Јанша.

Вакво барање е испратено од тамошното Специјално државно обвинителство.

Според написите во словенечките медиуми, тужбата е поднесена по финансиската истрага која беше покрената во 2013-та година, во која се испитуваше потеклото на имотот на Јанша, неговата сопруга Уршка и нејзината сестра Наташа Пајенк, која управувала со нивните сметки, потоа неговиот брат Рајко Јанша и некогашниот секретар на партијата, Јоже Загожена, кој во меѓувреме починал.

Обвинителството донело одлука да го товари само Јанша, кој за периодот на кој се однесува истрагата, од 2010-та до 2013-та, остварил разлика помеѓу пријавениот и реалниот имот во финансиски средства и недвижнини од 395.388 евра. (Крај)

извор: Макфакс   фото: архива
 

Post navigation

Previous Хрватска бара сезонски работници во угостителскиот сектор
Next Проф. д-р Земон: Раскинатите научни врски помеѓу универзитетите од земјите на поранешната Југославија, се обновуваат со големи напори

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.