Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Рекорден број починати лица од грип во Хрватска

Рекорден број починати лица од грип во Хрватска


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Загреб, 7. март 2018 (ИНПРЕС) – Најмалку 35 смртни случаи во Хрватска годинава се поврзани со грип, експертите сметаат дека бројката е значително поголема, но причината за смрт и покрај грипот, се припишува на друг причинител.

Досега најголем број починати од грип во Хрватска беше 27 лица и тоа лани, но и во 2010 година за време на пандемијата на т.н. свински грип.

Владимир Драженовиќ, вирусолог од Националниот центар за инфлуенца при Хрватскиот завод за јавно здравје, вели дека сезонава по многу нешта е специфична.

– Воочуваме една интензивна година, како според бројот на заболени, така и според траеењето, но и невообичаената доминација на Б вирус. Многу долго сме во висок интензитет. Болниците и амбулантите се постојано полни. Има голем број компликации и никогаш не сме имале поголем број смртни случаи. Годинава најпогодени беа повозрасните лица и речиси сите не беа вакцинирани против грип – истакна Драженовиќ.

Само во текот на минатата недела во Хрватска се пријавени нови шест илјади случаи на заболени од грип, со што вкупната бројка се искачи на 57 илјади. Лекари очекуваат дека до крајот на сезоната официјалната вројка ќе се зголеми на повеќе од 70 илјади заболени.

Драженовиќ оценува дека таа бројка треба да се помножи најмалку со два, бидејќи голем голем број заболени не се пријавени.

Она што е необично, а карактеристично з аоваа сезона, е доминацијата на вирусот од типот Б, сој Јамагата. Вообичаено доминираат висруси од типот А, Х3Н2 или Х1Н1, а Б се појавува на почетокот или на крајот на сезоната, но во значително помал процент. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Одобрена последната транша за Грција „тешка“ 5,7 милијарди евра
Next Во БиХ ќе се патува со лична карта

Слични вести

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

„Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид „Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид
1 min read

„Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.