Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Србија доби заем од 300 милиони долари за поплавите

Србија доби заем од 300 милиони долари за поплавите

1 min read

Белград, 4. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Светската банка (СБ) одобри заем од 300 милиони долари на Србија, за да и помогне да се справи со штетите од големите поплави кои во мај ја погодија земјата, при што во Србија и Босна загинаа околу 80 луѓе.

– Кредитот е доделен на период од 30 години со грејс период од 18 години, пренесе АФП, ​​повикувајќи се на официјално соопштение на СБ.

– Парите се наменети за обновување на оштетениот електро-енергетски систем, како и за зајакнување на заштитните системи против идни вакви природни стихии, изјави за српската државна телевизија претставникот на банката во Белград Лазар Шестович.

Речиси 2 милиони луѓе беа погодени од поплавите, кои во мај ги погодија Србија и Босна. Материјалната штета се проценува на над 2 милијарди евра во Босна и на 1,5 – 2 милијарди евра во Србија.

Кон средината на јули се одржа донаторска конференција во Брисел, организирана од Унијата, Франција и Словенија, на која меѓународната заедница вети скоро 2 милијарди евра помош за Србија и Босна. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Во Корча официјално ќе биде предаден сертификатот за прекуграничниот биосферен резерват Охрид – Преспа
Next Донфрид – Србија не е неутрална по прашањето за Украина

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.