Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Серија земјотреси кај Драч, најсилниот од 6,3 степени, почувствуван и во Охрид

Серија земјотреси кај Драч, најсилниот од 6,3 степени, почувствуван и во Охрид

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 26. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Серија земјотреси со епицентар во соседна Албанија, од кои најсилниот беше со јачина од 6.3 степени по Рихтер, ги вознемирија жителите во западниот дел на Македонија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, на 26.11.2019 година регистрираше серија на земјотреси, чиј епицентри потекнуваат од соседна Република Албанија, од подрачјето на Драч на растојание 170 километри југозападно од Скопје.

Најсилен до сега од оваа серија е земјотресот во 03:54 часот со локална Рихтерова магнитуда 6.3 и беше почувствуван на целата територија на Републиката.

Според досегашните податоци земјотресот е почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во западните делови на Републиката (Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово), IV-V степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од III-IV степени според истата скала во источните делови на Република Македонија.

Послаб земјотрес беше регистриран и утрово во 07:09 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Тинејџер во Белград украл автобус и застанувал на секоја постојка
Next Најмалку 6 мртви во земјотресот во Албанија, Скопје ќе испрати екипа со термални дронови за барање преживеани

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.