Белград, 14. август 2020 (ИНПРЕС) – Граѓаните на Република Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија од утре за влез во Србија ќе треба да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, одлучи денес Кризниот штаб во Белград.
Оваа одлука не важи за српските државјани кои доаѓаат од територијата на тие земји, изјави епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ по седницата на Кризниот штаб.
Ваквата одлука е донесена врз основа на проценка на епидемиолошката состојба, како и врз основа на трендот на заболување од коронавирусот.
Покрај Србија и Црна гора најави дека од утре ќе ги отвори границите за државјните на Република Македонија, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина, но најверојатно и за таму ќе биде потребен негативен ПЦР тест. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива