Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • In Memoriam: Почина композиторот Љупчо Константинов, роден во Охрид, напиша музика за бројни познати филмови

In Memoriam: Почина композиторот Љупчо Константинов, роден во Охрид, напиша музика за бројни познати филмови

1 min read
In Memoriam: Почина композиторот Љупчо Константинов, роден во Охрид, напиша музика за бројни познати филмови

композитор Љупчо Константинов

Скопје/Охрид, 17. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 78-годишна возраст почина македонскиот композитор и автор на филмска музика Љупчо Константинов.

Роден е во Охрид, а дипломирал на музичката академија во Белград. Композирал музика во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број на телевизиски филмови, серии и драми, како и во над 60-тина театарски претстави. Беше препознатлив по неговата музика „Среќна нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и други.

Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: „Златна арена“ на Филмскиот фестивал во Пула за музиката во филмот „Среќна нова ’49“; три „Златни ловорови венци“ на МЕС, Сараево; за театарските претстави: „Електра“, „Шехерезада“ и „Фауст“; награда на критиката на Вториот меѓународен фестивал во Град Мексико за најдобра музика за претставата „Шехерезада“; на тетарските игри „Војдан Чернодрински“, награда за музиката во театарската претстава „Старите фотографии“ и др. (Крај)

извор: novatv.mk фото: Тв Телма

Post navigation

Previous Поетот Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на државната награда „23 Октомври“
Next Јавен повик за финансирање на предлог-идеи од јавен интерес од областа на културата на Општина Охрид за 2025 година

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.