Mакедонската репрезентација во традиционално таеквондо ќе учествува на Светско првенство во Италија
October 3, 2025

Охрид, 3. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Mакедонската репрезентација во традиционално таеквондо од 5-ти до 12-ти октомври ќе настапи на Светското првенство во Јесоло, Италија.

На ова престижно првенство, свое учество имаат најавено околу 2.500 натпреварувачи од 74 земји од целиот свет. За достојно претставување на Македонија, МТТФ селектираше тројца претставници, еден тренер/официјално лице и двајца натпреварувачи.

Претставници на МТТФ на Светското првенство ќе бидат Марјанчо Лазаревски, претседател на федерацијата, национален тренер, црн појас V дан како официјално лице и тренер на репрезентацијата, Божидар Димитриевиќ црн појас II дан ќе се натпреварува во категоријата сениори (18 – 35 години), борби до -92 кг и Владимир Димитриевиќ црн појас I дан кој ќе се натпреварува во категоријата сениори (18 – 35 години), борби до -78 кг

Македонската традиционална таеквон-до федерација изрази посебна благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал“, Министерството за спорт и Општина Охрид за безрезервната поддршка. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива