Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Ohrid water festival“ е нова приказна за промоција на водените спортови, заштита на Охридското Езеро и збогатување на уристичката понуда

„Ohrid water festival“ е нова приказна за промоција на водените спортови, заштита на Охридското Езеро и збогатување на уристичката понуда

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 8. август 2023 (ИНПРЕС) – Со бројни спортски, но и забавно едукативни настани, од 19-ти до 27-ми август во Охрид ќе се одржува „Ohrid water festival“.

Програмата во рамки на деветте фестивалски денови опфаќа 17 спортски настани, надополнета со голем број социјално-забавни настани.

Фестивалот има неколку главни цели, а трите главни се промоција и развој на водените спортови, заштита на Охридското Езеро и негова промоција, како и збогатување на туристичката понуда. Централен настан ќе биде традиционалниот Охридски пливачки маратон.

– Ова е нешто што му доликува на Охрид и оваа иницијатива на градоначалникот треба да прерасне во нешто препознатливо за Охрид. Една од главните цели е и заштитата на Охридското Езеро и негова промиција со сите вредности што ги има па и на самото лого е претставен ендемски вид на алга што покажува колку сме посветени на заштита на езерото. Вклучени се сите клубови и здруженија што се занимаваат со водени спортови, а дел од фестивалот е и научната институција „Хидробиолошки завод“ од Охрид, потенцира Јоне Станкоски од организациониот одбор.

„Ohrid water festival“ како спортско туристички производ е поделен во два дела, спортски дел што ќе се случува од 19-ти до 27-ми август и социјално едукативен дел што ќе се случува во вечерните часови, ќе има концерти, забава со диџеи, панел дискусии, изложби, промоција на храна и пијалоци автентични за охридскиот регион.

Нема достапен опис.

Долги години наназад слушавме и дебатиравме дека е потребна поголема промоција на водените спортови на Охридското Езеро и дека на Охрид му е потребна масовна манифестација која ќе придонесе за развојот на градот како интересна дестинација за спортски туризам, истакна на прес конференцијата градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

– Низ заедничка соработка, конечно успеавме од зборови да преминеме на дела и нашите идеи да ги претвориме во реалност. Се работи за една нова спортска приказна која е симбол на неизмерната љубов кон нашето уникатно Охридско Езеро испреплетена со нашата голема желба за поголем развој и популаризација на водените спортови. Манифестацијата вклучува натпревари и активности на вода и има за цел да допре до најмладата популација и да им ги промовира сите позитивни аспекти на водените спортови и да придонесе за зголемување на интересот и свеста за здрав начин на живот, подвлече Пецаков.

Нема достапен опис.

Претседателот на фестивалот на водени спортови Никола Вретоски истакна дека како настан е единствен во светот од ваков тип и со ваков концепт и дека 80% од спортските настани се олимписки спортови.
– Ќе има пливачки митинг, веслачка, кајакарска и едриличарска регата, триатлон во Струга, прва регата околу Охридското Езеро, после долги години се враќаат водените лудории, турнир во едрење, трка со СУП даски, трка на отворени води 5 и 10 км, промоција на рекреативно нуркање, ревијален ватерполо турнир. Главен настан ќе биде традиционалниот охридски пливачки маратон под покровителство на Општина Охрид и клубот „Охридски бранови 2008“. Фестивалот ќе биде заокружен со акватлон и регата со традиционални кајчиња. Во рамки на социјално едукативната програма што ќе биде во период од 19:00 до 23:00 часот, на 21-ви август ќе се одржи концерт на Ѓоко Танески, следуваат забави со локални бендови и диџеи, изложби, панел дискусии, рече Вретоски.

На прес конференцијата беше претставена и официјалната веб страна на фестивалот ohridwaterfestival.mk, како своевиден акелератор на сите случувања во рамки на фестивалот, но и воопшто на сите водени спортови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Во четврток ќе се врши дезинсекција против комарци во Охрид, пчеларите да превземат мерки за заштита
Next Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 27. степени

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.