Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Turkish Airlines започна да ја промовира авиолинијата Истанбул – Охрид

Turkish Airlines започна да ја промовира авиолинијата Истанбул – Охрид

1 min read
Turkish Airlines започна да ја промовира авиолинијата Истанбул – Охрид

Охрид, 3. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Охрид е веќе ставен на мапата дестинации на Turkish Airlines, авиокомпанијата ја промовира директната авиолинија Истанбул – Охрид, што ќе започне на 27-ми март.

Ќе се лета во понеделник, четврток, петок и недела со летала од типот Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900.

Во описот за градов стои дека е популарна туристичка дестинација на Балканот, македонски бисер и дел од светското културно наследство на УНЕСКО.

– Познат по Охридското Езеро, Охрид поседува и историска текстура која го спојува неговото античко културно наследство со современи елементи, пишува на веб страната на Turkish Airlines.

Покрај тоа наведени се најатрактивните места за посета, дел од храната што треба да се проба, како и сервисни информации за градот.

Билетите се пуштени во продажба и веќе има голем интерес кај дијаспората, се купуваат авионски карти до Охрид од Торонто, Њујорк, Вашингтон или Сиднеј.

Директната линија што ќе ги поврзува Охрид и Истанбул е воведена по првиот повик на македонското министерство за транспорт за воведување нови авионски линии што ќе бидат субвенционирани.

Гостите од Турција традиционално се најбројни меѓу странските туристи во нашата држава. Според последните официјални податоци на Државниот завод за статистика, во ноември 2024 година Република Македонија ја посетиле 14.193, а лани во јули таа бројка изнесуваше 53.296 гости од Турција. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Успешно спасен планинар над село Лавчани,кичевско, имал скршеници на ногата
Next ООУ „Григор Прличев“ во четврток ќе го одбележи патрониот празник

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.