Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Адријан Броди стана светски рекордер за најдолг говор во историјата на Оскарите

Адријан Броди стана светски рекордер за најдолг говор во историјата на Оскарите

1 min read

Лос Анџелес, 4. март 2025 (ИНПРЕС) – Адријан Броди, кој е познат по своите долги говори официјално го собори рекордот за најдолг говор во историјата на Оскарите, објавија американските медиуми.

Во неделата, 51-годишниот актер го зеде својот втор Оскар за неговата главна улога во филмот „Бруталистот“ на Брејди Корбет. Првиот Оскар го доби во 2003 година за филмот „Пијанист“.

По добивањето на златната статуетка, Броди продолжи да зборува неверојатни пет минути и 40 секунди. Тоа е десет секунди подолго од претходната Гинисова рекордерка, Грир Гарсон, која зборуваше пет минути и 30 секунди по освојувањето на Оскар за најдобра актерка во 1943 година за нејзината улога во воената романса „Госпоѓа Минивер“.

Во својот говор, Броди ги спомна своите конкуренти за наградата за најдобар актер – Колман Доминго, Тимоти Шаламе, Ралф Фајнс и Себастијан Стен – нарекувајќи ги „прекрасни човечки суштества, чија работа зрачи со благодат, добрина и брилијантност“.

Откако Броди ги достигна дадените 45 секунди што победниците вообичаено треба да ги зборуваат, почна да свири карактеристичната оркестарска музика, информирајќи го дека неговото време истече.

Меѓутоа, наместо да го заврши говорот, како што направија многу други победници, Броди им рекол да ја прекинат музиката.

– Ќе завршам. Исклучете ја музиката. Го имам направено веќе ова порано. Благодарам. Ветувам, нема да претерува“, рекол тој.

– Ве сакам; Ве ценам сите. Да се ​​бориме за она што е правилно, да продолжиме да се смееме, да продолжиме да се сакаме, завршил Броди. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

Post navigation

Previous Утре крводарителска акција со учениците и вработените на СОСУ „Св. Кирил и Методиј”
Next Осмомартовска кампања на „Збогум Буково“ за садење 100 дрва во Охрид

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.