Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Братислав Ташковски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2025 година

Братислав Ташковски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2025 година

1 min read
Братислав Ташковски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2025 година

Охрид, 22. декември 2025 (ИНПРЕС) – Братислав Ташковски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2025 година, за своето дело „Темна кутија“.

Братислав Ташковски – поет, романсиер, драмски писател и новинар, e роден на 11 септември 1960 година, во Скопје. Автор е на бројни книги поезија, драми и романи, како и на сценариото за документарниот филм „Кој го кодошеше Ристо Шишков?“. Со делови од неговото поетскио творештво е преведен на руски, шведски, турски, црногорски, романски и русински јазик.

Добитник е на наградите и признанијата „Студентски збор“, „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“, „Ацо Шопов“, „Антево перо“, „Државната награда за најдобра книга од областа на публицистиката“ (Мито Хаџивасилев – Јасмин) и на „ Државната награда  „23 Октомври“, признание

„Поетска ноќ во Велестово“, признание „Битолски книжевен круг“.  Од 1999 до 2002 година бил претседател на Управниот одбор на поетската манифестација Струшки вечери на поезијата. Застапуван е во многу антологиски избори од македонската поезија. Покренувач е и главен уредник на списанието за книжевност и култура АКТ.

Наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема ќе се додели на главната манифестација Прличеви Беседи на 5-ти февруари 2026 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous „Убавините на езерото, градот и спортот“ – прва самостојна изложба на фотографии на Петар Паунче – Скитник
Next Вечерва „Ехо од Македонија“ – новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче”

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.